Штуловиот универзитет греејќи се со биомаса ќе заштеди 100.000 евра

Bez autora
Jun 25 2014

Новата грејна сезона Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (ЈИЕУ) ќе ја дочека со сосема нов систем за затоплување, со кој од употреба ќе се исфрли мазутот, а наместо него, за добивање топлинска енергија ќе се користи биомаса, односно пелети. Со ова, од една страна, ќе се заштедуваат годишно околу 100.000 евра, а, од друга, значително ќе се придонесе за намалување на емисијата на стакленички гасови. Ова е втор проект што го спроведува Универзитетот во рамките на активностите за енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија бидејќи од лани е во функција фотоволтаична централа за сопствено производство на електрична енергија со капацитет од 100 киловати, со која се задоволува дел од потрошувачката на струја.

Штуловиот универзитет греејќи се со биомаса ќе заштеди 100.000 евраНовата грејна сезона Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (ЈИЕУ) ќе ја дочека со сосема нов систем за затоплување, со кој од употреба ќе се исфрли мазутот, а наместо него, за добивање топлинска енергија ќе се користи биомаса, односно пелети. Со ова, од една страна, ќе се заштедуваат годишно околу 100.000 евра, а, од друга, значително ќе се придонесе за намалување на емисијата на стакленички гасови.

Ова е втор проект што го спроведува Универзитетот во рамките на активностите за енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија бидејќи од лани е во функција фотоволтаична централа за сопствено производство на електрична енергија со капацитет од 100 киловати, со која се задоволува дел од потрошувачката на струја.

- Универзитетот во 2010 година изработи Kлиматски акционен план (KАП) со кој предвиде обврска за во период од 10 години да изврши намалување на емисијата на стакленички гасови за 35 отсто. За негово спроведување веќе се изгради фотоволтаична централа, која го користи Сонцето за производство на електрична енергија, а во план е нејзиниот капацитет до 2020 година да се зголеми на 500 киловати. Втор чекор е замена на употребата на фосилни горива, односно масло за греење со гориво од обновливи извори, односно со биомаса - објаснува Дарко Спировски, вработен во Институтот за животна средина и здравје при ЈИЕУ, одговорен за реализација на проектот.

Две котларници

Во рамките на Штуловиот универзитет со систем за греење се опфатени 29.000 квадратни метри, распоредени низ 40 објекти во рамките на кампусот, а топлинската енергија се добива од две независни котларници и обемна дисперзирана цевководна мрежа за топлинска енергија. За да се постигнат оптимални услови за затоплување на кампусот, досега се трошеа околу 200.000 литри нафта за греење. Последниве две години поради релативно топлите зими биле потрошени по околу 170.000 литри, но затоа имало години со пониски температури кога потрошувачката се искачувала и на 230.000 литри. Просечниот годишен трошок на Универзитетот за нафта изнесувал околу 200.000 евра, а тука е и негативниот еколошки ефект бидејќи ваквиот систем за затоплување генериорал 12 отсто од вкупната емисија на стакленички гасови на Универзитетот.

Со новиот систем чија изведба е веќе во тек и ќе биде завршена во септември, ќе се врши инсталирање на три котли на биомаса со вкупен капацитет од 1.650 киловати, а ќе се подготви и инфраструктура за дополнителен четврти котел со капаците од 550 киловати, ако за тоа се јави потреба.

Подигање на свеста

Двете котларници ќе бидат поврзани со топла врска, а ќе се изврши и делумна реконструкција на централната котларница за да може да ги прими новите котли на биомаса. За складирање на пелетите се прават два индувидуални резервоара со капацитет од по 20 тони, кои ќе бидат полувкопани за да се овозможи камионски истовар.

Пресметките на Штуловиот универзитет покажуваат дека годишно ќе бидат потребни од 400 до 450 тони пелети, кои ќе чинат од 80.000 до 100 000 евра, во зависност од цената која се движи од 200 до 250 евра за тон. На ваков начин ЈИЕУ ќе има добивка од околу 100.000 годишно. Односно во било кој случај инвестицијата која ќе изнесува околу 400.000 евра ќе се врати за околу 4 години.

- Новиот систем ќе биде проект со најголем инсталиран капацитет на котли на биомаса во Македонија со кој нема да се испуштаат стакленички гасови. Тој ќе има значителен економски ефект, но негова примарната цел не е исклучиво економска, односно добивка преку заштеда на енергијата, туку да послужи како пример на заедницата за подигање на свеста за важноста на употребата на обновливите енергии - вели Спировски.

Потребните пари за промена на системот за затоплување Универзитетот ќе ги обезбеди од сопствени извори, но, како што вели Спировски, не е исклучена можноста за евентуално кофинансирање од фондовите за енергетска ефикасност, преку кредити со ниски камати и со делумен грант.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik